Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Протеини - стручен текст објавен во Фармацевтскиот информатор број 63, април 2024, при Фармацевтската Комора на РСМ

Стручниот текст - "Протеини" беше објавен во Фармацевтскиот информатор број 63, април 2024-та година, при Фармацевтската Комора на Република Северна Македонија (51-60 стр.).

Текстот во целост и самостојно е научно изработен, адаптиран, научно систематизиран, ажуриран со најнови научни податоци од релевантна стручна литература, трудови/стручни публикации и монографии, како и научни мислења од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).

Истиот може бесплатно да се превземе од официјалната веб страница на Фармацевтската Комора на Република Северна Македонија (првиот линк подолу).

Дополнително, поинаква, поопширна верзија на текстот со ист наслов, од авторот може да се прочита и бесплатно превземе во делот - Стручни публикации на веб страницата на АХВ или директно преку службениот, институционален Google Drive со кликање на вториот линк.