Овој научен документ се однесува на здравствената проценка на ризик од бактеријата Campylobacter во храна по човековото здравје, поконретно за хуманата камплиобактериоза и труењата со храна.
Во документот на 57 страници се елаборирани карактеристиките, патогенетските механизми, патоанатомските промени, епидемиолошките карактеристики со ECDC. и EFSA годишните статистички епидемиолошки извештаи за хумана кампилобактериоза, клиничката слика, дијагностичките методи, лабораториските тестови и методи, компликациите и третманот од заболувањата предизвикани од овој патоген во првиот дел - идентификација на опасноста. Во карактеризација на опасноста наведени се доза-одговор соодносите, антимикробната резистенција. Во проценката на експозицијата се наведени материјалот и методите за спроведување на диететски истражувања, експозицијата, моделирањето со фокус на квалитативната микробиолошкла проценка на ризик и финални резултати, сумирани како карактеризација на ризик. Во завршниот дел наведени се деталните национални податоци за позитивни мостри од храна во однос на Campylobacter spp. за деветгодишен анализиран период (2016-2024) со кои располага Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР), во Агенцијата за храна и ветеринарство, деривирани од Базата на податоци за микробиолошки и хемиски контаминенти во храната. Дополнително прикажани се таксативно и табеларно RASFF нотификациите за Campylobacter за четиригодишен период (2021-2024).
Фигура 1 - Секторски дијаграм на позитивни мостри храна по вид на производ во однос на Campylobacter spp. за периодот 2016-2024 (обработени податоци од Базата за микробиолошки и хемиски контаминенти, која ја води СПКР - Одделението за проценка на ризик, во АХВ):

Табеларен нумерички приказ на позитивни мостри по производ за Campylobacter за периодот 2016-2024 (обработени податоци од Базата за микробиолошки и хемиски контаминенти, која ја води СПКР - Одделението за проценка на ризик, во АХВ):

Бар дијаграм за поединечна процентуална контрибуција на одделни видови храна/прехранбени производи каде е утврденa девијација во однос на здравствeната исправност по микробиолошките критериуми за Campylobacter spp. во периодот 2016-2024-та година:

Полиноминалнa тренд линија (несиметрична парабола) со крива на дистрибуција на вкупна бројка позитивни мостри по години за Campylobacter spp. за периодот 2016-2024 во облик на буквата "M" (како срцев блок на лева гранка со два нееднакви врвови). Обработените податоци се од Базата за микробиолошки и хемиски контаминенти во храна, која ја води СПКР - Одделението за проценка на ризик, во АХВ:

Табеларен преглед на RASFF нотификации за четиригодишен период (01.01.2021 - 31.12.2024) во однос на Campylobacter spp. во производи храна пријавени од ЕУ земји членки преку системот за брзо известување за небезбедна храна:

На крајот е наведена користената научна стручна литература и епидемиолошки домашни и ECDC извештаи.
Овој документ во целост е креиран во јануари 2025-та година од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).
Подолу е линкот за преземање на PDF докуметот: