Електронската брошура е наменета за потрошувачите коишто воедно се пациенти - болни од малигни заболувања (карциноми, саркоми, лимфоми и леукемии). Во неа се наведени совети за безбедно подготвување, ракување и конзумирање на храна за овие лица, чиишто имунолошки систем е компромитиран заради основната болест и дополнително заради терапијата (хируршка, радиотерапија, хемотерапија).
Овaa електронска брошура во целост е научно изработена, дизајнирана, систематизирана со сопствени фотографии и во најголем дел домашно приготвени јадења и специјалитети во домашни услови и ресотрани и хотели во државата и странство од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).