Одгледувачи на говеда, овци, кози и свињи
Одгледувачи на говеда, овци, кози и свињи кои се овластени од Агенцијата да аплицираат средства за идентификација на животните и да ги внесуваат податоци во ИСАХВ за своето одгледувалиште , за да добијат овластување треба да ги исполнуваат следни услови:
- Успешно завршена обука организирана од Агенцијата
- Да го почитуваат Законот за идентификација и регистрација на животните и Законот за ветеринарно здравство
- Да имаат опрема за спроведување на системот за идентификација
Член 25 став (1), (2), (3) и (4) од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)[врска]
Останати обврски на овластените одгледувачи
Овластените одгледувачи не смеат да ги продаваат, отуѓуваат или злоупотребуваат средствата за идентификација или да внесуваат неточни податоци во ИСАХВ
Член 25 став (5) и (6) и член 26 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)[врска]