Освен јајцата, чиј увоз деновиве, пред велигденските празници, подлежи на засилени контроли, интензивно се следат и производството и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои.
Апелираме граѓаните да купуваат боја за јајца исклучиво од регистрирани производители увозници, која е соодветно означена и декларирана.
Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и бои за јајца, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 080032222 или електронски на info@fva.gov.mk.
Во 2018 година се увезени вкупно 240.830 јајца, сите од Србија. Како небезбедни, поради несоодветно означување на рокот на употреба се поништени 16.620.