Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во Брисел одржан првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со болеста јазлеста кожа

06.07.2016
Агенција за храна и ветеринарство

Македонија добро се справува со болеста Јазлеста кожа, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски за ТВ Канал 5 по првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со меѓугранични болести кај животните, организиран од страна на Светската здравствена организација, поддржана од Европската комисија кој во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на регионалниот проблем за справување со болеста јазлеста кожа и на него беа присутни сите балкански земји. Претставниците на земјите каде е присутна болеста, ги презентираа преземените мерки и искуствата од досегашното справување со болеста која поради високите температури зема се поголем замав.
Нашите соседи Србија и Косово како што било кажано на состанокот пријавиле преку 100 жаришта и потврдиле нагло ширење на болеста дури и на 100 километри од местата со заболени говеда.
-Се очекува за многу брзо да се прошири и во посеверните држави. Беше поставено прашањето на кој начин и колкави количини и дали ќе може да се најдат доволен број ан вакцини за сите држави каде се претпоставува дека ќе се појави болеста. Исто така беше поставено и прашање дали е можно во било која европска држава да се почне со производство на овие вакцини бидејќи знаеме колку е тешко и како се набавуваат овие вакцини, вели Зоран Поповски.

Хрватска веќе е во напредна фаза за набавка на 60.000 дози поради изборните процеси што следат да не бидат затекнати без вакцини доколку и таму нагло се прошири болеста, наспроти Албанија и Косово кои што имаат жаришта а немаат резервирано дози. Засега ЕУ не дозволува вакцинација како превенција, дозволува само итно вакцинирање дури по појавата на болеста.
-Сегде кај што е потврдена болеста движењето на животните е рестриктивно, забранети се сите сточни пазари бидејќи знаеме дека таму може најлесно да се прошири болеста. Сепак, има многу отворени прашања кои понатаму ќе треба во наредниот период да се дискутираат. Вакви состаноци планирано е да има неколку во текот на оваа година со цел да можат да се опфатат сите прашања и сите проблеми за можни евентуални решенија во натамошниот период, додава Поповски.
Од ЕУ се свесни за ширење на болеста особено во северните делови, за сега таа прави само мониторинг за искуствата со справување на оваа нова ситуација за европските земји. Македонија има доволен број вакцини но и позитивно искуство како да се справи со евентуално ширење на болеста јазлеста кожа.
На состанокот биле разгледани сите аспекти и мерки, а нашето и Израелското искуство биле земени предвид како позитивни примери, за справување со болеста, но, останале и натаму многу отворени прашања за дискусија во натамошниот период. Сите информации за присуството на болеста и искуствата за справување биле дискутирани пред членовите на Светската здравствена организација за заштита на животните.

Категорија