Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Собирање, транспорт, складирање

СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ


Согласно Законот за нус производи од животинско потекло собирањето, транспортот и складирањето на нус производите од животинско потекло треба да се изведува под соодветни услови, со кои се гарантира дека нема ризиците по јавното здравје и здравјето на животните. 
Донесени се повеќе правила во однос на собирањето, транспортот и складирањето, условите за инфраструктурата, опремата и хигиената вклучувајќи ја и евиденцијата што гарантира дека нус производите од животинско потекло и нивните деривати се следат со цел да се избегнат моменталните или потенцијални ризици, условите за пласирање на пазарот, условите за увоз, транзит и извоз, условите во врска за безбеден извор, безбеден третман и безбеден краен корисник. Овие мерки се со општо поле на примена, прописите наложуваат и посебни услови за одредени нус производи од животинско потекло како што се специфичниот ризичен материјал и одредени деривати. 
Со прописите за собирањето и транспортот на нус производите од животинско потекло се пропишуваат условите во однос на пакувањето, транспортните садови, декларирањето на материјалите, регистрацијата на транспортерите, формата, содржината и начинот на водење на евиденција, хигиената и т.н.
Со прописите за складирање се уредуваат градежно - техничките услови, санитарните услови, посебните услови во однос на објектите и техничката опременост, начинот на работа, потребната документација и т.н.
Подзаконски акти:
-    Правилник за техничките услови и начинот на вршење на работите кои треба да ги исполнат објектите за собирање и складирање на нус-производи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 21/09)
-    Правилник за начинот на собирање, превезување и идентификување на посебни категории на нус-производи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 21/09)
-    Правилник за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит ("Службен весник на РМ" 94/12 и 25/13)
-    Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденција што ја водат правни и физички лица кои испраќаат, превезуваат и примаат нус производи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 152/2009)