Идентификацијата и регистрацијата на животните е една од важните мерки во равојот на сточарството. Овозможувајќи исполнување на европските барања за пласирање на македонските производи на светските пазари како едни од најквалитетните во регионот, системот е од голем приоритет како за одгледувачите на животни и потрошувачите, така и за земјата како извозник.
Системот за идентификација и регистрација на животните е воспоставен во 2004 година.
Зпочнувајќи најпрво со идентификација и регистрација на животни од видот говеда, во годините што следат, системот се имплементира на животните од видовите: овци и кози, свињи, пчели и домашните миленици.
Во иднина е предвидено да се опфатат преостанатите животнски видови, со што земјава комплетно ќе ги исполни европските барања во однос на идентификацијата и регистрацијата на животните а со тоа и следливоста и контролата на болестите и следењето на производите од животинско потекло.
Системот за идентификација и регистрација на животните е уреден со Законот за идентификација и регистрација и подзаконски акти, кои може да ги превземете во делотПРОПИСИ.
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари