Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се унапредува соработката меѓу македонската и бугарската институција за безбедност на храната

07.12.2018
Се унапредува соработката меѓу македонската и бугарската институција за безбедност на храната

Унапредување на соработката на македонската и бугарската институција за безбедност на храната на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните беа дел од темите на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Иваило Стефанов, економски советник во Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија. На состанокот, презентирана беше актуелната состојба со болестите кај животните во Република Бугарија, со акцент на Африканската свинска чума, Њукастелската болест, Болеста јазлеста кожа кај говедата и Чумата кај малите преживари, болести кои се присутни во соседна Бугарија и регионот.

Превземените мерки за спречување на ширење на овие болести, како што информира директорот Атанасов, согласно меѓународните стандарди за здравствена заштита на животните и стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните, Агенцијата има донесено соодветни забрани.

Директорот Атанасов ја поздрави иницијативата на економскиот советник Стефанов за официјализирање на соработката на македонската и бугарската агенција за безбедност на храната со потпишување на меморандум за соработка. Тој потенцира дека Агенцијата за храна и ветеринарство е заинтересирана за потпишување на меморандум за соработка и со бугарската Агенција за проценка на ризик, со што ќе се интензивира соработката и на ова поле, за кое во нашата институција е воспоставен Секторот за проценка и комуникација на ризик.

Категорија