Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се чека потврда на причината за труењето со храна во Виница, првичните наоди упатуваат на бактериска загаденост

25.09.2018
Се чека потврда  на причината за труењето со храна во Виница, првичните наоди упатуваат на бактериска загаденост

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат, викендов во Виница, извршија вонредна инспекциска контрола во угостителски објект – сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна.
Од страна на инспекторите за храна, угостителскиот објект е времено затворен, наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост.
Затруените лица се вработени во погон на фабрика за производство на мебел, за која оваа сендвичарница согласно договор, дистрибуирала храна два пати во текот на неделата.
Aгенцијата за храна и ветеринрство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат и вршат дистрибуција на храна.

Категорија