Доколку вршите увоз на нуспроизводи од животинско потекло, вклучително и храната за домашни миленици која содржи нуспроизводи од животинско потекло, потребно е да се регистрирате како правно лице увозник на нуспроизводи од животинско потекло.
Како да се регистрирате?
- Поднесете го во архива на АХВ пополнетото барање со комплетната документација [врска]
По вашата апликација, официјалниот ветеринар ќе изврши официјална контрола на Вашиот објект или активност со цел да го констатира степенот на усогласеност со барањата за регистрација.