Како оператор кој користи НПЖП, треба да бидете одобрени или регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Која од постапките (регистрација или одобрување) е потребна зависи од Вашите активности со НПЖП.
Активности кои се одобруваат:
- Интермедијарни активности и објекти за складирање на нуспроизводите од животинско потекло со активности на сортирање, сечење, ладење, замрзнување, солење, отстранување на сурови кожи или на специфичен ризичен материјал, по собирањето на нуспроизводите од животинско потекло;
- Преработка на нуспроизводи од животинско потекло со стандардните методи на обработка или со одобрени алтернативни методи на обработка;
- Инсталации за горење или согорување со исклучок на инсталациите кои се одобрени во согласност со законодавството од областа на заштита на животната средина;
- Согорување на деривати на нуспроизводи од животинско потекло како гориво;
- Производство на храна за домашни миленици;
- Производство на органско ѓубриво и подобрувачи на почвата;
- Трансформација на нуспроизводи во биогас и компост;
- Ракување и складирање на нуспроизводи од животинско потекло по нивното собирање;
- Складирање на деривати од нуспроизводи од животинско потекло кои се наменети за отстранување преку депонирање во депонии или горење, гориво во процесот на согорување, храна за животни освен складирање во одобрени или регистрирани објекти согласно Законот за безбедност на храната за животни, органски ѓубрива и подобрувачи на почвата освен складирање во објекти на местото на директна апликација на органските ѓубрива и подобрувачите на почвата.
Како да го одобрите Вашиот објект или активност?
Поднесете го во архива на АХВ пополнетото барање со комплетната документација [врска]
По вашата апликација, стручна комисија од АХВ ќе изврши официјална контрола на Вашиот објект или активност со цел да го констатира степен на усогласеност со барањата за одобрување.
Активности кои се регистрираат:
- Ракување со нуспроизводи од животинско потекло и деривати од нуспроизводи од животинско потекло за цели надвор од синџирот на исхрана на животните;
- Олео-хемиски објекти;
- Регистрирани објекти кои се корисници на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати за специфични цели, под услови кои обезбедуваат контрола на ризиците по здравјето на животните и здравјето на луѓето;
- Центри за собирање;
- Други регистрирани објекти и активности;
- Итермедијарни активности и објекти за складирање на нуспроизводите од животинско потекло.
Како да го регистрирате Вашиот објект или активност?
Поднесете го во архива на АХВ пополнетото барање со комплетната документација [врска]
По вашата апликација, официјалниот ветеринар ќе изврши официјална контрола на Вашиот објект или активност со цел да го констатира степен на усогласеност со барањата за регистрација.
Кога не ви е потребна регистрација или одобрување
Вие не треба да бидете регистрирани ако:
- водите фарма, фарма за одгледување или продавница која генерира НПЖП;
- снабдувате други фарми со колострум (млеко од животни) за исхрана;
- нештетно отстранувате категорија 2 и 3 материјална на самото место, доколку потекнуваат од хируршки зафати на живи животни (пр. рогови од телиња);
- собирате и пренесувате ѓубриво помеѓу 2 места на истата фарма или помеѓу две фарми;
- изработувате трофеи или парчиња од таксидермија кои не се продаваат комерцијално;
- користите примероци од НПЖП за образование, на пример, во училиште, средно училиште или универзитет.
Законодавство:
- Листа на објекти и/или активности кои треба да бидат одобрени или регистрирани.
- Правилник за формата, содржината и начинот на поднесување на барање за регистрација и одобрување на објекти и оператори со нус производи од животинско потекло.