Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Регистрирани кучиња

ПРЕВЗЕМАЊЕ СОДРЖИНИ

Содржината од документите на нашиот Google-Drive-Share можете да ја отворите и едитирате доколку имате инсталирано соодветен Google-Drive-Docs-Plugin, или да ја превземете доколку кликнете на иконата за превземање, или доколку одите во менито File > Download и одберете во кој формат да го превземете документот.

Повеќе информации на Google Drive Download Help

При чување домашни миленици, се применуваaт одредбите 5, 6, 7, 23 и 24 од Законот за заштита и благосостојба на животните.
1. Забрането е напуштање на домашен миленик.
2. Забранети се следниве интервенции врз животните:
1) хируршки интервенции за модифицирање на изгледот на животните;
2) скратување на опашката и потсекување на ушите;
3) сечење на петтиот прст;
4) девокализација и
5) отсекување на канџи и обеззабување
3. Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука