
Протеините се најубиквитарни органски молекули во човечкото тело и се наоѓаат во структурите и органите. Најмалку 10000 протеински молекули се присутни во телото.
Како и сите останати органски молекули коишто ги внесуваме, протеините се круцијални за нормален раст и развој на телото, особено критични се за мускулите и коските. Тие буквално се присутни насекаде, како плазматски протеини во крвта, компонента на клеточната мемебрана на сите клетки, функционираат и како рецептори, транспортери и ензими.
Протеините се присутни во мускулите, коските, кожата, влакната и во други телесни ткива. Хемоглобинот е исто така протеин. Во оваа публикација, насловена како "Протеини", наменета за поширокиот аудиториум (ученици, студенти, нутриционисти, потрошувачите во целост) прикажани се дваесете градивни аминокиселини, биосинтезата, метаболизмот и физиолошката функција на протеините, диететските референтни вредности за протеини, препорачани од Европскиот авторитет за безбедност на храната (EFSA), нутритивна табела за месото, млекото и јаткастите плодови во однос на содржината на протеините, протеинско-енергетската малнутриција, фенилкетонуријата и други хронични интернистички заболувања поврзани со протеинскиот внес и метаболизам.