Нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание (АДХД) се дефинира како комбинација од намалено внимание,ментално несоодветно, хиперактивно и импулсивно однесување што го нарушува нормалното функционирање на детето дома и на училиште. АДХД се јавува кај деца, адолесценти и возрасни лица со различна манифестација на симптоми како промени во расположението, анксиозност, импулсивност, непријателство, неорганизираност, слаба концентрација, намалена способност за навремено завршување на зададените работни задачи и неможност за следење на инструкции, нарушувања во спиењето, главоболки, мигрена, абдоминален дискомфорт. Децата со АДХД најчесто се со ниска родилна тежина, алергии или автоимуни заболувања.
Се третира со:
- стимуланти ;
- антидепресиви;
- психотерапија и
- диета.
Во овој информативен краток документ внимание е посветено на диететскиот третман на АДХД и е научно изработен, стручно преведен, адаптиран од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).