Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Производство и пласман на традиционална храна, ексклузивно и наше наместо масовно производство

18.05.2018
Производство и пласман на традиционална храна, ексклузивно и наше наместо масовно производство

Претставување на генералната замисла и на проектот „Од нива до маса“ како и размена на искустава и идеи беа во фокус на денешната средба помеѓу директорот на Агенција зёа храна и ветеринарство Зоран Атанасов и претставници на меѓународната, не-профитна организација Слоу Фуд (Slow food). Искуствата кажуваат дека странските експерти и професори од областа на здравата храна, земјоделството и технологиите на производство се пријатно изненадени од потенцијалот на домашните производи, особено од автохтоните млечни специјалитети. Ставот на директорот Атанасов е дека не земајќи го во предвид масовното производство на храна, на пазарот треба да бидеме конкуретнтни со наши, домашни и екслкузивни производи. Тој, на состанокот најави дека ќе се поттикнува традиционалното произвoдство, а ќе се формираат и регистри на вакви производи.

Во однос на пласманот на здрава и традиционална храна, тој размислува да се воспостави западниот систем, поточно развојот на идеите да почнува од факултетите и научните институции, потоа да продолжи до надлежните институции и ресорните министерства кои дополнително треба да се зајакнат со експерти од бараните области. Доколку се оцени дека е потребнотоа ќе се реализира преку ангажирање на странски експерти, за да се овозможи следливост и да се спроведат идеите.

За жал, честопати и самите производители во Македонија, дури и они кои имаат соодветни објекти не знаат за сите опции кои ги имаат на располагање, особено што се однесува до извозот и пласманот на странските пазари, беше констатирано на состанокот.
Слоу фуд ја најавија листата на традиционални прозиводи на која тие ќе работати рецептурите кои ќе се применат во производството.

Агенцијата за храна и ветеринарство пак, беше истакнато, ќе земе учество на претстојниот Terra Madre Balkans, овој месец се одржува во Брисел и каде покрај традиционалните специјалитрети од Балканот ќе бидат претставени законските рамии за реегулирање и контролата на традиционалното призводство воп балканските земји.

Категорија