Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Скоринг систем со протокол за приоритизација на ризици поврзани со безбедноста на храната - Risk Prioritisation Food Safety Hazards Scoring System and Protocol (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4)

Овој документ е креиран како дел од мината IPA проектна активност (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4) -  за институционално зајакнување на проценката на ризик и се однесува на систем со скорови/бодови што се доделуваат во однос на различни релевантни критериуми за приоритизација на микробиолошки, хемиски и други ризици присутни во храната коишто потенцијално би можеле да го загрозат здравјето на населението, потрошувачите.

Методологијата вклучува идентификација на опасностите, дефинирање на критериумите за приоритизација со доделување на соодветен број на поени за квантитативна проценка на ризик, како и инволвирање на алтернативен скоринг систем и други критериуми. Овој скоринг систем би се користел за креирање на ризик матрица. Во документот внесен е и квалитативниот пристап при изведување на проценката на ризик со приказ на влијанието и веројатноста од опасноста по човековото здравје.  

Секторот за проценка и комуникација на ризик беше корисник од проектот и документов е прикачен на проектниот Google Drive.

Овој документ во континуирана консултација и размена на научни информации со проектните експерти, во целост е креиран од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).

Подолу е линкот од овој документ во оригинал, на англиски јазик: