Оваа PowerPoint презентација се однесува на институционалното зајакнување на научно-базираната здравствена проценка на ризик по човековото здравје од опасности присутни во храна, со фокус на Salmonella spp. од микробиолошките опасности во пилешко месо и афлатоксините во јаткасти плодови, млеко и млечни производи.
Презентацијата ги објаснува во кратки црти методологијата, протоколот, тимот како и најважно критериумите за приоритизација на ризик од микробиолошки, хемиски и други опасности присутни во храната со скоринг систем за доделување на поени, равенките за калкулација што се користат во приоритизација на различните опасност/храна комбинации, конечните скор табели за одредените комбинација на опасност (микробиолошка или хемиска) во одреден вид на храна, статистички податоци и анализа од РАСФФ нотификациите за тригодишен период (01.01.2020-15.03.2023) за афлатоксини и салмонелози (хумани случаи на заболување и труење со храна и паралела со позитивни примероци од храна) од епидемиолошките студии направени од страна на ECDC со релевантните литературни и веб референци .
Презентацијата беше пренесена на телеконференција на крајот на првото тромесечие на 2024 година пред италијанските експерти вклучени во проектот.
Оваа презентација со научната содржина, во континуирана консултација и размена на научни информации со проектните експерти од Италија и Германија, во целост е креирана на англиски јазик од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).
Подолу е линкот од овој документ во оригинал, на англиски јазик: