Во овој научно-базиран документ е изнесена здравствената проценка на ризик по човековото здравје од диететска експозиција на енергетски пијалоци и нивните поединечни состојки (кафеин, инозитол, таурин, D-глукуроно-γ-лактон, тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, кобаламин) со акутните физиолошки ефекти, ефектите врз спортските перформанси, несаканите ефекти по човековото здравје и одредени субпопулациони групи при истовремена консумација (комбинирање) со алкохолни пијалоци, токсиколошки референтни вредности и диететски референтни вредности од поединечните состојки содржани во истите.
Документот беше искористен за презентација на истоимената тема на V состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни, oдржан при крајот на вториот квартал на 2019 години во АХВ.
Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран, првично во 2019 година и ревидиран, надополнет и едитиран во 2024 од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).