Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Превентивно повлечена од пазарот храна за доенчиња на Лакталис

12.12.2017
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство доби известување од компанијата увозник на производите од француски “Лакталис”, дека од пазарот во Република Северна Македонија превентивно е повлечен производот детска храна за доeнчиња - Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838.
Наведената серија на повлечениот производ е здравствено и микробиолошки исправен и во скалд со законските регулативи на земјата производител и земјата увозник, се вели во известувањето на компанијата увозник пратено до Агенцијата.
Со направените испитувања потврдена е микробиолошката исправност на сите серии од производот Целија кои се пласирани на пазарот во Република Северна Македонија. Повлекувањето на производот, како што се вели во известувањето, направено исклучиво заради претпазливост и со цел намалување на паниката и заштита на потрошувачите по издаденото известување од Министерството за здравство на Франција, Агенцијата за заштита на потрошувачите надлежно за францускиот пазар и препораките на компанијата “Лакталис”.

Категорија