Со Законот за заштита и благосостојба на животните се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на превоз, колењето или убивањето на животни кои се одгледуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и други производи како и заради депопулација и слични операции, условите кои треба да ги исполнат кланиците во однос на заштита и благосостојба на животните при колење и убивање, заштита и благосостојба на домашните миленици и бездомни животни, животни во зоолошки градини и животните кои се користат во експериментални или едукативни цели
Целта на законот е лицата кои се одговорни за животните и ја штитат нивната благосостојба да обезбедат:
- животните да не се изложени на глад и жед;
- животните да се заштитени од неудобност и да се сместени во средина која е соодветна за нивниот вид;
- животните да се заштитени од болка, повреда или болест;
- на животните да им е овозможено нормално однесување;
- животните да не се изложени на страв и вознемиреност
Општите услови кои важат за сите видови животни се наведени во ставот (4) од Законот.
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го преземете на следнава [врска].