Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржана обука на АХВ и Царина за управување со ризик

30.11.2018
Одржана обука на АХВ и Царина за управување со ризик

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Царинска Управа на Република Северна Македонија организира еднодневна обука од областа на Управување со ризик во рамите на официјалните контроли на раководните структури на Секторот за инспекциски надозр во АХВ, на преставници на Државниот пазарен инспекторат, како дел од обврските кои произлегуваат од имплементација на Дополнителниот протокол 5 на CEFTA договорот.


На соостанокот презентирани беа темите:

1. Управување со ризици – причини и потреба

-Процес на управување со ризици

- Законска регулатива

- Применета пракса во меѓународната трговија

2. Презентација на управување со ризици во ЦУРМ

- Управување со ризици при стоково царинење

- Управување со ризици на граничните премини

Со темите е обработена методолигијата на примена на Управување со ризик при работењето на органите на државната управа, како еден од современите начини на работење на инспекциските служби и можност за олеснување на трговијата и работењето на бизнис операторите но истовремено и зголемување на ефикасноста на контролите.

Преставниците на Царинска Управа како водечка институција во примена на ова методологија како во Република Северна Македонија така и регионално овозможија соодветен пренос на насовремените методи и пракси, со цел унапредување на работењето на администривниот систем на Република Северна Македонија, зајакнување на капацитетот и институционална соработка помеѓу органите на државна управа.

Категорија