Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одобрување на објекти

ОДОБРУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ

Согласно  Законот за безбедност на храната

Операторите со храна ставаат во промет храна само ако е подготвена и ракувана исклучиво во објекти кои:
1) ги исполнуваат условите за хигиена на храната утврдени во овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и
2) се регистрирани или одобрени од Агенцијата.

Објектот кој е предмет на одобрение не смее  да работи, освен доколку Агенцијата во согласност со посебните правила за организација на официјалните контроли:
1) даде одобрение на објектот за работа по посета на самото место или
2) во случај на времено одобрение на објектот.


Агенцијата задолжително издава одобрение за операторите со храна и објектите за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло и води регистар на одобрени објекти и оператори со храна од животинско потекло.
 
Операторите со храна поднесуваат барање за одобрување до Агенцијата.

Пред да се издаде одобрението, Агенцијата врши увид на самото место. Таа го одобрува објектот за бараните активности само доколку операторите со храна докажат дека ги исполнуваат хигиенските барања за храната и други барања утврдени со овој закон и прописи донесени врз основа на овој закон.

Агенцијата издава  времено одобрение доколку од увидот на самото место се утврди дека објектот ги исполнува сите барања за инфраструктурата и опремата. Одобрение се издава само доколку при повторен увид на самото место спроведен по три месеци од издавањето на временото одобрение, се утврди дека објектот ги исполнува сите барања за одобрување. Доколку е направен очигледен напредок, но објектот сé уште  не ги исполнува сите услови, Агенцијата може да го продолжи временото одобрение, но најмногу за период од шест месеци.

Агенцијата на сите одобрени објекти, вклучувајки ги и оние со времено одобрение, доделува број на одобрение.
 
Постапката на одобрување започнува со поднесување на барање од страна на операторот со храна до АХВ. Моделот на барање со потребна придружна документација кон барањето, како и легислативата за потребните услови за одобрување на објект се дадени во модел на барање за одобрување.

Превземи модел на барање

Регистар на одобрени објекти