Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Обврски на одгледувачи на животни

Одгледувачите на животни треба да регистрираат одгледувалиште во ветеринарно друштво

Обврски на одгледувачите за одгледувалиштето:

  • Доставување на барање за регистрирање одгледувалиште до ветеринарно друштво со кое има договор
  • Пријавување на секоја промена на податоци на одгледувалиште во рок 25 дена до ветеринарното друштво со кое има договор
  • Да водат регистер на одгледувалиште

[врска]  член 7, 9,10, 11 и 13 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16) 

 

 

Обврски на одгледувачите за животните на своето одгледувалиште

Обврски на одгледувачите за животните на своето одгледувалиште:

  1. Идентификација на животните на своето одгледувалиште
  2. Пријавување на раѓање или угинување на животните во рок од 7 дена во ветеринарното друштво со кое има договор, освен за свињи кои се пријавуваат при првото движење 
  3. Пријавување на секое движење во ветеринарното друштво со кое има договор- тоа издава документ за движење во рок од 7 дена 
  4. Годишен попис на животните на своето одгледувалиште за животните од видовите свињи, овци и кози и пчели и внесување на податоците од пописот во информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство (ИСАХВ) во рок од 30 дена, од страна на ветеринарното друштво кое треба да ги внесе податоците во рок од 5 дена од приемот на истите

[врска] член 7, 9,10, 11 и 13 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)

 

 

Идентитетот на животните се утврдува со:

  1. Средства за идентификација
  2. Документи за движење (при секое движење фармските и другите животни треба да бидат придружени со документ за движење

[врска] член 10 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)