Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Нов извештај на ФАО: Околу 14,3 милиони возрасни лица не добиваат доволно храна, во пораст е неправилната исхрана

27.11.2017
Нов извештај на ФАО: Околу 14,3 милиони возрасни лица не добиваат доволно храна, во пораст е неправилната исхрана
Земјите во Европа и Централна Азија бележат напредок во намалувањето на преваленцијата на недоволна исхранетост, но околу 14,3 милиони жени и мажи во регионот сè уште не добиваат храна што им е потребна, а неправилната исхрана е во пораст, се истакнува во извештајот на Организацијата на храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објавен на 4.12.2017 година. Извештајот The State of Food Security and Nutrition in Europe and Central Asia 2017 (“Состојба со обезбедување доволно храна и исхрана во Европа и Централна Азија 2017”) анализира голем број индикатори за обезбедување на доволно храна за сите, како и за исхраната, со цел процена на напредокот на земјите кон постигнување на целта број 2 за одржлив развој (Sustainable Development Goal 2) - Искоренување на гладот, доволно храна за сите, подобра исхрана и промовирање на одржливо земјоделство - до 2030 година. Извештајот ја оценува енергетската вредност во исхраната, индикаторите за исхрана, како што се заостанувања и губење на телесната тежина, анемија, прекумерна тежина и дебелина, како и промени во начините на исхрана и нивното влијание врз различните групи на население.
По значителен напредок во изминатите години, ситуацијата во регионот во моментов се чини стагнира. Преваленцијата на недоволна исхранетост остана речиси непроменета во Кавказ и во Централна Азија, според извештајот што беше презентиран на Регионалниот симпозиум за одржливи системи за здрава исхрана (Regional Symposium on Sustainable Food Systems for Healthy Diets). "Сиромаштијата останува единствена, најголема пречка за обезбедување на доволно храна за сите", рече Владимир Рахманин, Помошник-генерален директор на ФАО и регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија. "Но, постои јасен пат за напредок. Целите за одржлив развој (или Sustainable Development Goals – SDGs), обезбедуваат моќна рамка за справување со предизвиците со кои се соочуваат земјите од Европа и Централна Азија ".
Повеќе за извештајот може да прочитате ТУКА
Категорија