![АХВ отстапи две автоматски прскалки за дезинфекција на возила](/sites/default/files/styles/large/public/2020-03/Debar1.jpg?itok=cnnN2KZL)
Како општествено одговорна институција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапи по заклучокот на Комисијата за контрола на заразните болести на Дирекцијата за заштита и спасување и отстапи на користење две автоматски дезинфекциони прскалки за возила. Станува збор за опрема за вршење на автоматска дезинфекција на возила кои се поставени на влезот и излезот на општините Дебар и Центар Жупа, каде неодамна, поради состојбата со вирусот КОВИД 19, беше прогласена кризна состојба.
![2](/sites/default/files/inline-images/Debar2.jpg)
Како поддршка во спроведувањето на мерките на Владата на Република Северна Македонија за борба против Корона вирусот, покрај прскалките, Агенцијата отстапи и дел од средствата за еднократна заштита, со цел обезбедување на оптимални услови за заштита на населението и непречено спроведување на мерките за заштита од вирусот.
Деновиве, уште две автоматски прскалки за дезинфекција, АХВ ќе и отстапи и на Царинската управа.
![5](/sites/default/files/inline-images/debar5.jpg)