Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Презентирани обврските за водење евиденција на добиточните пазари

14.11.2019
Презентирани обврските за водење евиденција на добиточните пазари

Стручни лица од Агенција за храна и ветеринарство, денес одржаа едукативна работилница со одговорните лица на добиточните пазари на која им беа презентирани законските обврски за уредување на пазарите, начините на евидентирање на влезот и излезот на животните во пазарите и внесување на податоците за движење на животните во Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.

На учесниците  на работилницата, поделени им беа упатства за работа и информативни брошури за постапката за евидентирање на животните, а детално беше објаснето и кои документи треба да ги поседуваат сопствениците и превозниците на животни при движење на животните кон добиточните пазари.

Тие се запознаа и со законските и подзаконските акти за заштита на животните, одредбите од Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз, како и за обврската на добиточните пазари за обука на вработените за благосостојба на животните. 

Ознаки
Категорија