Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ поднесе кривична пријава против сопственикот на ресторанот „Мир“

30.09.2019
АХВ поднесе кривична пријава против сопственикот на ресторанот „Мир“

Агенцијата за храна и ветеринарство поднесе кривична пријава против сопственикот на сопственикот на ресторанот „Мир“ во прилепското село Ораовец кој е лоциран на вештачко езеро, поради сомневање за сторено кривично дело – симнување на службен печат или знак, односно поради отстранување на службен знак - лепенка „Затворено од Агенција за храна и ветеринарство“. Лепенката е поставена од инспекторите за храна на Агенцијата, по извршената вонредна инспекциска контрола на 4 септември годинава.

 

Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите, апелираме до граѓаните да не го посетуваат овој угостителски објект, бидејќи тој не е под контрола на инспекциските служби на АХВ и истиот е ризичен по нивното здравје. Доколку се решат на тоа, посетата ќе биде на нивна лична одговорност. Ресторанот „Мир“ ДООЕЛ, не е регистриран од АХВ.

 

Со извршените три инспекциски контроли (вонредна контрола на 17 август, контролен инспекциски увид на 29 август и извршен вонреден инспекциски увид на 4 септември), од страна на инспекциските служби на АХВ, утврдено е дека ресторанот не ги исполнува основните услови за хигиена на храна, односно во него нема безбедна вода за пиење, подготовка и хигиена ( на храна и општа хигиена на гостите) бидејќи истиот е исклучен од градската водоснабдителна мрежа.

 

За констатираните недоследности со контролите, покрај изречените парични казни, поведената прекршочна постапка, издадено е и решение за забрана за вршење на угостителска дејност во  ресторанот, кое, сопственикот не го почитува, а заради што и по последната спроведена вонредна инспекциска контрола поставен е службен знак - лепенка „Затворено од Агенција за храна и ветеринарство“ кој тој самоволно ја отстранил. 
 

Ознаки
Категорија