При транзит на пратки со живи животни наменети за приплод и/или производство или непосредно колење низ територијата на Република Македонија со крајна дестинација Република Албанија или Република Косово треба да се исполнат условите наведени во Упатството за начинот и постапката за транзитна живи животни низ територијата на Република Македонија со крајна дестинација Република Албанија или Република Косово.
Упатството може да го преземете на следнава [врска].
Согласно наведеното упатство покрај на документите кои треба да ја придружуваат пратката, официјалниот ветеринар на граничен премин врши проверка на листата на бизнис оператори кои се регистрирани за увоз на живи животни во Република Албанија.
Листа на одобрени субјекти-увозници на живи животни во Република Албанија можете да ја превземете на следнава [врска].
Во случај на транзит на пратки чија крајна дестинација е Република Косово, официјалниот ветеринар на граничен премин врши проверка на соодветниот документ издаден од надлежен органи со кој се дозволува увоз на живите животни во Косово, односно документ со кој се потврдува дека пратката ќе биде увезена и нема да биде вратена во Република Македонија.