Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ ги засили инспекциските контроли пред Велигден

19.04.2019
АХВ ги засили инспекциските контроли пред Велигден

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна. Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари. Ќе се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната кои се однесуваат на нејзино чување, одржување на ладниот ланец во транспортот и прометот, како и тоа дали означувањето на храната е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната.

Инспекторите за храна ќе вршат контроли и на безбедноста на бојата за јајца која се продава во регистрираните објекти за продажба на храна и на зелените пазари.Со контролите ќе бидат опфатени и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, односно кај нив ќе се врши проверка дали боите за јајца ги исполнуваат одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитивите кои се употребуваат во производството на храна. 

Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да купуваат храна, вклучително и јајца и бои за јајца исклучиво од регистрирани производители/увозници, која е соодветно означена/декларирана. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Категорија