На 43 собрание на Генералното собрание на Eвропската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап (EuFMD) при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО, кое на 17 и 18 април се одржа во Рим, Италија, директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов беше избран за еден од шесте члена на Извршниот комитет на Комисијата. Пред Генералното Собрание на EuFMD разгледани и усвоени беа Стратегијата и работниот план за периодот 2019-2023 година, документ на кој Агенцијата активно работеше во текот на минатата година.
На 42- та седница на Генералното собрание коja се одржа во април 2017 година, по 11 годишно членство на земјава во оваа Комисија, Агенција за храна и ветеринарство беше избрана за член на Извршниот комитет за период од наредните две години. Со членството во овој комитет, Агенцијата за храна и ветеринарство има можност директно да ги координира регионалните активности кои се спроведуваат во делот на Балканска компонента од Стратегијата за контрола на болеста Лигавка и шап.