Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одобрување на правни лица кои вршат промет со ВМП

Правните лица кои произведуваат, вршат промет или употребуваат ВМП мора да поседуваат дозвола/одобрение за вршење на дејноста согласно Законот за ВМП и Законот за ветеринарно здравство.
Целокупната постапка трае 90 дена од денот на поднесување на уредно барање до АХВ.

Постапка за одобрување на правни лица кои вршат промет на големо или промет на мало со ВМП:

  1. Правното лице кое врши промет на големо или промет на мало со ВМП треба до АХВ да поднесе Барање за добивање одобрение за вршење на дејност/употреба на објект за промет на големо (ветеринарна веледрогерија) и промет на мало со ветеринарно-медицински препарати (ветеринарна аптека) со придружна документација предвидена согласно - Закон за ветеринарно - медицински препарати (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/10, 136/11, 149/15 и 53/16); [врска]

     

    • Правилник за условите кои треба да ги исполнува веледрогерија за промет со ветеринарно - медицински препарати, како и начинот на работа (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 17/16); [врска]
    • Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат ветеринарните аптеки, како и начинот на работа (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 16/16); [врска]
    • Правилник за добра дистрибутивна пракса (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 147/10); [врска]

     

  2. Комплетната документација се поднесува до Стручната комисија за одобрување за вршење на дејност/употреба на објект на правните лица кои вршат промет на големо и промет на мало со ветеринарно-медицински препарати (ветеринарна веледрогерија и ветеринарна аптека), која врши комисиската посета и изготвува мислење до директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
  3. Решението за одобрение за вршење на дејност/употреба на објект за промет на големо/мало со ветеринарно-медицински препарати (ветеринарна веледрогерија/ветеринарна аптека го издава АХВ. Решението има рок на важност од 5 години.

 

  • Список на веледрогерии и ветеринарни аптеки [врска]
  • Барање за добивање на решение за вршење на дејност промет на големо со ветеринарно-медицински препарати-ветеринарна веледрогерија [врска]
  • Барање за добивање на решение за вршење на дејност промет на мало со ветеринарно-медицински препарати-ветеринарна аптека [врска]