Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ветеринарно – медицински препарати - Закон

Законот за ветеринарно – медицински препарати (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/10, 136/11, 149/15, 53/16 и 241/18) ги уредува условите и постапките за одобрување за ставање во промет, производство, увоз, поседување, промет, употреба и контрола на ветеринарно-медицинските препарати. Законот во целост е усогласен со ЕУ законодавството односно во најголем дел со Директивата 2001/82/ЕК на Европскиот Парламент и на Советот од 6 Ноември 2001 година за Кодекс во однос на ветеринарно- медицинските препарати на Заедницата.

Одредбите од овој закон за условите и постапките за одобрување за ставање во промет, производство, увоз, поседување, промет, употреба и контрола на ветеринарно-медицинските препарати се применуваат и на биоцидни средства за употреба во ветеринарната медицина, медицинските инструменти и помагала за употреба во ветеринарната медицина, опојните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите потребни за производство на ветеринарно-медицинските препарати, доколку со друг закон поинаку не е уредено.

Одредбите од овој закон се применуваат и на:

  • производи што се опфатени со друг закон, ако според своите карактеристики можат да се дефинираат како ветеринарно-медицински препарати;
  • фармаколошки активни супстанции кои се користат како суровини, како и одредени супстанции кои може да се користат како ветеринарно-медицински препарати, а кои имаат анаболички, антиинфективни, антипаразитарни, антиинфламаторни, хормонални или психотропни особини;
  • премиксите за медицирана добиточна храна, наменети за ставање во промет и приготвени индустриски или со метод кој вклучува индустриски процес.

Барањата утврдени со овој закон се однесуваат на ветеринарно- медицински препарати произведени во Република Северна Македонија и на ветеринарно-медицински препарати од увоз.
Со овој закон се дефинирани ветеринарно-медицински препарати како:

  • секоја супстанција или комбинација на супстанции за кои е утврдено дека имаат особини на третирање или превенирање на болести кај животните или
  • секоја супстанција или комбинација на супстанции кои може да се употребат или примент на животните со цел за воспоставување, корегирање или модифицирање на физиолошките функции со изведување на одредена фармаколошка, имунолошка или метаболичка активност, или за поставување на медицинска дијагноза.
     

Законост за ВМП можете да го превземете од следнава [врска].