Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Генетски модифицирана храна за животни

Генетски модифициран организам (ГМО) е организам, притоа не земајќи ги предвид човечките суштества, во кои генетскиот материјал е изменет на начин на кој не се појавува при природниот пат на размножување и/или со природна рекомбинација.
Генетски модифицирана храна за животни (ГМ храна за животни) е храна за животни која содржи или се состои или е произведена од ГМО.

Во генетски модифицирана (ГМ) храна за животни се вбројуваат генетски модифицираните организми (ГМО) кои се користат како храна за животни, храна за животни која содржи или се состои од ГМО и храна за животни произведена од или која содржи состојки произведени од ГМО. 

ГМ храна за животни треба да: 

  • нема штетно влијание по здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните или животната средина;
  • не создава заблуда кај потрошувачот;
  • не го оштетуваат потрошувачот со изменување на одредени карактеристики на производите од животинско потекло; 
  • не се разликува толку од храната за животни која по својата намена би требало да биде заменета за нејзината потрошувачка за крајниот потрошувач во прехранбена смисла да биде неповолна за животните или луѓето.


Закон за безбедност на храната за животни (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16) [врска]