Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележа 28 септември- Светски ден на борба против беснило

29.09.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележа 28 септември- Светски ден на борба против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Ветеринарната комора на Македонија денес пред Школка во Градски парк, организира промотивно-едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото и важноста од вакцинација на домашните миленици како една од превентивните мерки за ширење на оваа болест која е опасна и за човекот.На настанот кој се организира по повод Светскиот ден на борбата против беснило кој се одбележува на 28 септември годинава е под мотото „Прати ја пораката, спаси живот“.
-Ги повикувам сопствениците на домашни миленици да ја искористат моќноста и бесплатно да ги микрочипираат домашните миленици во рамки на кампањата која ја започнавме неодамна и која ја спроведуваме во соработка со АХВВетеринарната комора на Македонија и ветеринарсните друштва. Според планираното, најдоцна до крајот на март треба да заврши оваа активност за која се обезбедени 100 илјади бесплатни мкирочипови. Ваќно да напоменам, и да ги потсетам сопствнеиците на кучиња и мачки да ги заштитат своите миленици и себе си и да ги вакцинираат животните против беснило – порача на промотивниот настан директорот Атанасов.
Почнувајчи од 15 октомври и оваа есен Агенцијата за храна и ветеринарство, како што информира Атанансов, ќе ја реализира есенската кампања за орална вакцинација на лисиците против беснило, со авионско фрлање на вакциналните мамки на целата територија на Република Северна Македонија.
Ветеринарните друштва на едукативно-промотивниот настан, вршеа бесплатен преглед на домашните миленици и даваа совети на соопствениоците за заштита на нивното и здравјето на милениците.
За најмладите се организира едукативна работилница – ликовна академија на која тие цртаа на тема „Јас и мојот миленик”. На настанот пред Школка во Граски прак, присуствува и децата од СОС Детско село – од Скопје.

Категорија