Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Македонија скоро очекува дозвола за извоз и на пастрмка на ЕУ пазарот

24.04.2018
<br><p><img src="/images/Vecer%204.jpg" alt="АХВ" />Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, очекува за еден до два месеца Македонија да биде ставена на листата на ЕУ за извоз на пастрмка на европскиот пазар. Како што вели за Македонската информативна агенција - МИА, прашалникот е пополнет пред две недели, а барањето не било воопшто едноставно. Му претходеле тригодишни подготовки, воспоставување контрола и мониторинг на одредени болести кај рибите.<br />–Очекуваме за месец до два да

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, очекува за еден до два месеца Македонија да биде ставена на листата на ЕУ за извоз на пастрмка на европскиот пазар. Како што вели за Македонската информативна агенција - МИА, прашалникот е пополнет пред две недели, а барањето не било воопшто едноставно. Му претходеле тригодишни подготовки, воспоставување контрола и мониторинг на одредени болести кај рибите.
–Очекуваме за месец до два да бидеме ставени на листата, а потоа, преку зајакнување на биосигурносните мерки на рибниците, некои од нив и од одгледувалиштата да бидат одобрени за извоз, нагласува директорот.

Според него, откако Македонија ќе ја добие дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ, производителите или одгледувачите ќе може да аплицираат за извоз и да планираат долгорочни инвестиции во тој правец.

Земјава во последниов период е ставена на листата за извоз во ЕУ на говедско, пилешко, овчо и козјо месо, јајца, млеко и рибини производи.


Категорија