“Реалниот сектор треба да е двигател на економијата и да ги интегрира интересите на Владата и бизнис заедницата. Неговото зајакнување е генератор на јакнењето на секоја економија. Како институција ориентирани сме кон поддршка на компаниите, создавање на услови за унапредување на бизнис климата и отворање на нови пазари за извоз на македонските производи. Моментално работиме на отворање на пазарите за извоз на свежа риба и јагнешко месо. Кинескиот е интересен за пласман на јагнешко, но и на нус производи од животинско потекло, за што се заинтересирани неколку македонски компании” – истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на работниот состанок кој го одржа денес со претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Даниела Арсовска.
Наскоро, како што информира Арсовска, Сојузот на стопански комори ќе потпише меморандум за соработка со Владата на Република Северна Македонија, со што се официјализира соработката и ќе се создаде основа за нов, подинамичен развој на економијата која е од заеднички интерес, на државата и на бизнис секторот. Преку "Платформата за јавно-приватен дијалог “ на Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северо - западна Македонија и Стопанската комора за информатичка и комуникациска технологија и официјално воспоставивме коморска соработка, во рамки на која активно ќе се работи на унапредување на економскиот раст и подобрување на бизнис климата.
На состанокот, разгледани беа состојбите во областите во кои Агенцијата за храна и ветеринарство и Сојузот на стопански комори во иднина ќе соработуваат, а разменети беа и информации за можностите за активно вклучување во работата на Меѓународната комора за трговија и на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Категорија