Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Oдржан работен состанок со Националниот демократски институт

20.03.2018
Oдржан работен состанок со Националниот демократски институт

 

Преку одржување на работилници да се ги утврдат проблемите и недостатоците кои се јавуваат при изработката и донесувањето на законските и подзаконските акти, почнувајќи од иницијативата за донесување на новото решение, следејќи го текот на сите активности за негово креирање, во насока на подобрување на процедурите за носење на законските и подзаконските акти. Ова се дел од темите на кои на вчерашниот состанок разговараа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и претставниците на Националниот демократски институт.

 

На состанокот стана збор и за начинот на одредување дали во конкретен случај ќе се креира нов законски акт или пак само ќе се врши измена и дополнување на постоечките, кои се институции ќе се вклучат или треба да бидат вклучени во подготовките на законските решенија и подзаконските акти, како утврдување на редоследот која институција кога ќе го разгледува предлог актот кој треба да се донесе од страна на Парламентот. Како што беше објаснето, на работилницата која според планираното треба да се одржи кон средината на идниот месец, законското регулирање на донирањето храна во Република Северна Македонија ќе биде земено како пример за работа.

Во неговата изработка вклучени се и ќе учествуваат повеќе институции и од таа гледна точка, речено беше на состанокот, се работи за едно од покмплексните законски решенија кое треба да се ја дефинира и одлуката дали треба да се донесе нов закон или да се направат измени во повеќе постоечки закони кои регулираат оваа тематика.

-Како институција одговорна за безбедноста на храната и при креирањето на ова ново законско решение за регулирање на донирањето на храна ќе се раководиме од приоритетот – да ја гарантираме безбедноста на храната, без оглед на тоа за која категорија на граѓани се работи. Неминовно е да се обезбеди следливост на храната која ќе се донира и овозможување истата да биде под постојана инспекциска контрола – истакна директорот Атанасов.

Претставниците на Националниот демократски институт информираа дека на претстојната работилница ќе учествуваат сите засегнати институции, невладиниот сектор и претставници за бизнис заедницата, која и досега, како што истакнаа тие, во рамки на постојните закони, преку донирање на храна, помагаат на ранливите категории граѓани.

-Станува збор за законско регулирање на комплексно прашање кое неминовно бара анализа на состојбата на постојната законска регулатива, не само од областа на безбедноста на храната, туку и од социјалната политика, финансиите и други, бидејќи се работи за проблематика на која сериозно се работи во развиените земји, а за која, за среќа интерес постои и кај нас. Очекуваме дека на работилницата ќе биде креирана основата на законското решение за донирање храна во Република Северна Македонија – рече Слаѓана Марјановиќ Пановска, од Националниот демократски институт.

Според Ана Ангеловска пак, претстои консултација и со бизнис заедницата, бидејќи и кај нив постои расположение наместо да завршува на депониите, храната која е безбедна и може да се употреби да се донира. Во разговори со надлежните институции, заклучи таа, се разгледува и можноста операторите кои ќе донираат храна да бидат ослободени од плаќање на данок.

Категорија