*Обезбедете им безбедна храна.
*Храната која била зафатена од поплавата отстранете ја и фрлете ја.
*Намокрената храна често мувлосува и може да предизвика здравствени проблеми
кај помладите и кај гравидните животни.
*Што поскоро, тестирајте ја здравствената исправност на водата доколку е од свои извори, а за исправноста на водата од јавната водоводна мрежа информирајте се кај надлежните служби.
*Секојдневно, по неколку пати, влегувајте во шталата и следете ги животните. Доколку се јават знаци на болест или смртност веднаш консултирајте се со ветеринар.
*Водите од поплавите носат многу микроорганизми и причинители на болести. По поплавите можна е појава на антракс, шушкавец, кривотница, тетанус, лептоспироза и габични инфеции. Консултирајте се со ветеринар за предвидените потребни вакцинации.
*Како последица на поплавите можна е зачестена појава на дијареа и пневмонии кај животните.
*Повредите, раните, исечениците и гребаниците, третирајте ги соодветно за да се намали ризикот од појава на тетанус.
*Доколку е можно, напасувајте ги или држете ги животните на суво тло.
*Ако стапалата на животните се во вода или во кал, следете дали има појава на апцеси.
*Уредно водете евиденција за угинатите животни и пријавете ги кај надлежниот ветеринар со кого во координација треба и нештетно да ги отстраните во согласност со закон.