Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Постапка за одобрување

1.Постапка за одобрување на храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии

Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии потребно е помине низ процедура за нејзино одобрување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одобрението за храна произведена со иновирани технологии се издава согласно Правилникот за начинот и постапката на издавање на одобрение, нејзиното времетраење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за ставање во промет на производот од групата на храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 159/11).

Операторот со храна поднесува барање за одобрение за ставање во промет на производот од групата на храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии во писмена форма до архивата на Агенција за храна и ветеринарство.
Во прилог на барањето операторот ја доставува следната документација:

  1. Резултати од лабораториски анализи за исполнување на барањата наведени во член 55 (1) од Законот за безбедност на храната;
  2. Техничка документација на производниот процес;
  3. Опис на историјата на организмот кој е употребен како извор на храна произведена со иновирани технологии, доколку е употребен нов организам;
  4. Резултати на студии, кои се спроведени и секаков друг материјал кој е достапен, за да се покаже дека храната е во согласност со критериумите наведени во член 55, став (1) од Законот за безбедност на храната;
  5. Оригинална амбалажа или идејно решение на амбалажата на производот;
  6. Означување на производот на македонски јазик, согласно член 5 од Правилникот за посебните барања за безбедноста на храната произведена со иновирани технологии;
  7. Означување на производот согласно Правилникот за начинот на означувањето на храната, доколку се работи за храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии кои се добиени од храна која може да предизвика алергија;
  8. Доказ за намирени трошоци (уплатница од 10 000,00 денари по производ), за постапката за издавање на одобрение.

Барање
Уплатници

 

Постапка за ставање во промет на производот од групата на храна третирана со јонизирачко зрачење

Операторот со храна поднесува барање за одобрение за ставање во промет на производот од групата на храна третирана со јонизирачко зрачење во писмена форма до архивата на Агенција за храна и ветеринарство. При тоа треба претходно да има одобрение од Дирекцијата за радиациона сигурност за објектот за производство на храна во чиј технолошки процес се користи извор за јонизирачко зрачење за третирање на храна.

По приемот на барањето се врши преглед на приложената документација, доставена во прилог на барањето и инспекција на резултатите од анализите и означувањето.

Барање
Уплатници

 

 


Природните минерални води, изворските води и другите пакувани води

Природните минерални води, изворските води и другите пакувани води  се производи кои пред да се стават на пазарот во Република Северна Македонија треба да бидат одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.


Операторот со храна поднесува барање за полнење и ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода  во писмена форма до архивата на Агенција за храна и ветеринарство. (Барањето е унифицирано и може да се симне и печати од порталот.)


Во прилог на барањето операторот има обврска да достави документација која е утврдена во  Правилникот за начинот на издавање на одобрение, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за полнење и ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 175/18).


Потребна документација:

 

  1. Барање
  2. Доказ за концесија;
  3. Дозвола за зафаќање и користење на вода од површинско или подземно водно тело;
  4. Податоци за геолошки и хидролошки испитувања, податоци за точна локација на одредената каптажа на извориштето определена со ГПС опрема, определена со надморска височина, и податоци за оценка на типографијата на карта со размер 1:1000; детален геолошки приказ на природата на теренот и постанок на изворот, стратиграфија на хидролошкото наоѓалиште  на водата, опис на развојот на каптажата, маркирање на развојот или детали за други мерки со кои се заштитува извориштето, издашност на извориштето, температура на водата на извориштето и температура на околината, врска помеѓу природата на теренот и природата на типот минерали во водата. Овие податоци можат да бидат дел од геолошки елаборат;
  5. Резултати од лабораториски анализи на водата правени за време на студиско-истражните работи за новите зафати на вода кои се правени 4 пати годишно во календарска година и тоа во секое годишно време од годината (во различни годишни сезони), извршени во акредитирана лабораторија во обем и параметри за безбедност согласно Правилникот за посебните барања за безбедноста на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода;
  6. Резултати од микробиолошки и паразитолошки лабораториски анализи на водата, не постари од една година и тоа за водата од извориштето и за водата после пакувањето односно на готов производ за во промет, согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода;
  7. Резултати од физичко-хемиски лабораториски анализи за водата, не постари од една година и тоа за водата од извориштето и за водата готов производ за во промет, во обем согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода;
  8. Резултати од лабораториски анализи за водата  во однос на присуство на резидуи од пестициди, не постари од една година и тоа за водата од извориштето или за водата готов производ за во промет, согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода;
  9. Резултати од радиолошка лабораториска анализи за водата  во однос на присуство на радионуклиди, не постари од една година и тоа за водата од извориштето или за водата готов производ за во промет, согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода;
  10. Изјава од производителот за исполнување на барањата од член 7 од Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода, која се однесува на третман на водата;
  11. Оригинално означување, оригинална амбалажа или идејно решение на амбалажата на производот со информации на означувањето на производот на македонски јазик, согласно Правилникот за информации поврзани со храната и Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода; 
  12. Доколку производот се увезува во Република Македонија, се доставува и доказ дека на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода е одобрена за ставање во промет во земјата производител, внесена во Регистарот на препознаени или одобрени или признаени природни минерални води, изворски води или други пакувани води во земјата производител и 
  13. Доказ за намирени трошоци (уплатница од 10 000,00 денари по производ, согласно Правилникот за начинот на издавање на одобрение, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за полнење и ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 175/18) и 50,00 денари административни такси за постапката за издавање на одобрение.

 

Потребните документи, обрасци и уплатници се наоѓаат во делот ОБРАСЦИ на нашата страна [врска]