Одделението за ОУЧР има за цел да го утврди начинот на спроведување на потребните активности за обука на вработените со цел да се обезбеди повисоко ниво на компетентност за извршување на работните задачи кои влијаат на квалитетот на услугите на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Одделението ги презема обуките од Секторот за ЕУ и меѓународна соработка и ги проследува до сите вработени во АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува три вида на обуки: меѓународни, генерички и интерни обуки.
Секој вработен кој е заинтересиран за посета на меѓународна обука поднесува пријава за интерес на меѓународна обука, се изготвува список со заинтересирани кандидати кој се доставува до нивните раководители и директорот. Се врши селекција на вработени и се номинира кандидат кој е соодветен за дадената обука. Избраниот кандидат заминува на патување со претходно изготвени документи:
- Решение за службено патување
- Патен налог
- Патничко осигурување
По завршување на обуката вработениот задолжително треба да достави до одделението за ОУЧР извештај за исход од обуката, сертификат и материјал.
-МИОА согласно годишната програма за обука, доставува барање до АХВ за номинација на лица за учество на генерички обуки. Одделението за управување со човечки ресурси изготвува, Потврда за присуство на обука до МИОА, со која се номинира лице за присуство на обука, од редот на вработените во АХВ.
На интерните обуки се одржуваат предавање и презентации од страна на вработени кои посетиле обука од соодветна област, раководителите, претставници од меѓународни проекти и др.
Дополнително може да се организираат вонредни обуки зависно од потребите кои произлегуваат од измени на закони, воведување на нови методи, имплементација на стандарди, промена на опсег на работа итн.
Одделението за ОУЧР изготвува Годишен план за обуки согласно добиените податоци од стана на вработените.