Примарното производство е одгледување и производство на примарни производи, вклучувајќи берба/жетва, молзење и производство на животни одгледувани на фарма пред колење. Исто така, вклучува лов и риболов и собирање на производи од природата. Примарни производи се производи добиени од примарното производство, вклучувајќи ги производите од почвата, сточарството, ловот и риболовот. Примарни производи од животинско потекло се: сурово млеко, полжави, јајца, риби, месо од дивеч и мед.
Преработени примарни производи на ниво на фарма се примарни производи од животинско потекло кога со нивната манипулација, третман или преработка значително се менува нивниот карактер: млечни производи, сирење, урда, кисело млеко, јогурт, павлака, путер, производи од мед.
Примарно производство и придружни операции на примарно производство се:
- транспорт, складирање и ракување со примарните производи на местото на производство, доколку ова не ја менува значително нивната природа;
- транспорт на живи животни (пчелни семејства), кога ова е потребно за да се постигнат целите на Законот за безбедност на храната.
Директно снабдување на мали количества на примарни производи до крајниотпотрошувач, опфаќа:
- директно снабдување на крајниот потрошувач на фарма, место на потекло ипроизводство;
- директно снабдување на локален малопродажен објект или угостителски објект којдиректно го снабдува крајниот потрошувач со посебно означување на потеклото нахраната и е во состав на фармата на производство;
- директно снабдување на друг малопродажен објект или угостителски објектспецијализирани за тој тип на храна со посебно означување на храната.
Како оператори со храна - примарни производители се сметаат физички и правни лица и индивидуални земјоделци, сопственици на одгледувалишта на крави, овци, кози, пчели, јајца, риби и дивеч и објекти за преработка на храна на местото на потеклонаменети за ставање во промет.
За регистрирање на примарен производител, физичките и правни лица и индивидуалните земјоделци потребно е до подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство да достават барање за регистрација на примарен производител. По добивањето на решение за регистрација на примарен производител, операторот со храна може да започне со снабдување на своите примарни производи или преработени примарни производи до крајниот потрошувач, односно локален малопродажен објект или угостителски објект којдиректно го снабдува крајниот потрошувач или малопродажен објект или угостителски објектспецијализирани за тој тип на храна.
Агенцијата води регистар на операторите со храна и објектите кои вршат:
- која било фаза од производство, обработка и дистрибуција на храна од животинско потекло;
- примарно производство;
- транспортирање;
- складирање на производи кои не бараат температурно контролирани услови за складирање;
- малопродажни постапки кои се состојат само од складирање или транспорт, во кој случај сепак ќе се применат посебните температурни услови, или снабдувањето со храната од објекти за малопродажба до други објекти со маргинална, локализирана и ограничена активност.
Регистар на примарни производители
Законски и подзаконски акти:
- Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18)
- Закон за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16)
- Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 50/10, 161/10, 157/11, 147/13, 41/14, 33/15 и 193/15)
- Закон за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15 и 193/15)
- Правилник за начинот и постапката на вршење на службените контроли на производите од животинско потекло наменети за исхрана на луѓето („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 157/15)
- Правилник за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите барања за храна („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 12/12)
Правилник за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 100/13)
- Правилник за формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло, формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од животинско потекло, формата и содржината на барањето за регистрација и начинот на регистрација на операторите со храна и објектите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 49/11, 15/12 и 112/12)
- Правилник за условите за директно снабдување од страна на производителот на мали количества примарни производи до крајните потрошувачи или до локалните малопродажни трговци кои директно го снабдуваат крајниот потрошувач, како и општите и посебните барања за локализирана активност за операторите со храна од мал обем(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 10/13)
Примарни производители на млеко – дополнителни подзаконски акти
- Правилник за барања за квалитетот на суровото млеко, стандардите за квалитет на конзумното млеко, млечните производи и употребата на нивните називи, квалитетот и активноста на стартер културите, сирилата и други специфични материи и начинот на нивна употреба, начинот на дополнително означување на млекото и млечните производи, како и дозволеното отстапување на тежината во однос на деклараната (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/11)
- Правилник за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 26/12, 145/14 и 59/16)
- Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 28/16)
Примарни производители на мед – дополнителни подзаконски акти
- Правилник за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 68/11)
- Правилник за начинот и постапка за идентификација и регистрација на пчелите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 68/11)
Примарни производители на риби – дополнителни подзаконски акти
Примарни производители на јајца – дополнителни подзаконски акти
- Правилник за начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 35/11 и 85/13)
Примарни производители на дивеч – дополнителни подзаконски акти
- Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 28/16 и 166/17)
Примарни производители на полжави – дополнителни подзаконски акти
- Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 28/16 и 166/17)