Овластувањето на правните лица за ставање во промет на средства за идентификација
Овластувањето на правните лица за ставање во промет на средства за идентификација го врши Агенцијата. За да добијат овластување правните лица треба да ги исполнуваат следни услови:
- Да поднесат барање до Агенцијата
- Да пуштаат во промет средства за идентификација согласно член 12 од Закон за ИиР [врска] (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)
- Треба да се придружуваат до условите и роковите од Законот за ИиР [врска] (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)
- Да не ги злоупотребуваат средствата за идентификација
- Да ја достават следнава документација:
- Тековна состојба од Центарен регистар на Република на Македонија;
- Доказ за лична состојба (документи не постари од шест месеци)
- на понудувачот да не му е изречена привремена или трајна забрана за вршење на дејноста;
- Изјава за сопственост или договор за користење на простор под закуп за складирање на средства и опрема;
- Податоци за просторот во форма на скица каде ќе се чуваат средставата за идентификација;
- Изјава за техничка подготвеност да се поврзат со електронската база на податоци за што треба да поседуваат компјутер и стабилна интернет врска;
- Изјава дека ги прифаќа, разбира и исполнува барањата и постапките пропишани со Законот за идентификација и регистрација на животните и подзаконските прописи донесени врз основа на тој закон.
Правилник за обврските и условите кои треба да ги исполнуваат правните лица за ставање во промет на средствата за идентификација на животни во однос на просториите, опремата, како и условите и роковите за ставање во промет на средства за идентификација (сл.в. 18/13) [врска]