Одгледувачите на животни треба да регистрираат одгледувалиште во ветеринарно друштво
Обврски на одгледувачите за одгледувалиштето:
- Доставување на барање за регистрирање одгледувалиште до ветеринарно друштво со кое има договор
- Пријавување на секоја промена на податоци на одгледувалиште во рок 25 дена до ветеринарното друштво со кое има договор
- Да водат регистер на одгледувалиште
[врска] член 7, 9,10, 11 и 13 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)
Обврски на одгледувачите за животните на своето одгледувалиште
Обврски на одгледувачите за животните на своето одгледувалиште:
- Идентификација на животните на своето одгледувалиште
- Пријавување на раѓање или угинување на животните во рок од 7 дена во ветеринарното друштво со кое има договор, освен за свињи кои се пријавуваат при првото движење
- Пријавување на секое движење во ветеринарното друштво со кое има договор- тоа издава документ за движење во рок од 7 дена
- Годишен попис на животните на своето одгледувалиште за животните од видовите свињи, овци и кози и пчели и внесување на податоците од пописот во информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство (ИСАХВ) во рок од 30 дена, од страна на ветеринарното друштво кое треба да ги внесе податоците во рок од 5 дена од приемот на истите
[врска] член 7, 9,10, 11 и 13 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)
Идентитетот на животните се утврдува со:
- Средства за идентификација
- Документи за движење (при секое движење фармските и другите животни треба да бидат придружени со документ за движење
[врска] член 10 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)