Директорот на Агенцијата формира Комисија за заштита и благосостојба на животните, која дава мислења, научна и техничка поддршка во однос на заштитата и благосостојбата на животните. За заштита на животни за научни цели, Комисијата дава совети на Агенцијата и телата за благосостојба на животни за работи поврзани со спроведување постапки, размножување, сместување, грижа и користење на животните во постапки и обезбедува размена на искуства. Условите за Комисијата за благосостојба на животните се наведени во членот (10) од Законот за заштита и благосостојба на животните кој може да го преземете тука [врска].
Начинот и постапката за работата на Комисијата како и постапката за именување и разрешување на членовите на комисијата и деловникот за работа се пропишани во правилник кој може да го преземете тука [врска].