Класичната чума кај свињите е вирусно заболување кај дивите свињи кое предизвикува огромна економска штета во свињарското производство. Дивите свињи можат да бидат носители на врусот и да ја пренесат болеста на домашните свињи. Другите животни и луѓето не заболуваат. Болеста е широкораспространета во светот. Присутна е и во Европа и во земјите од Балканскиот регион. Во Република Северна Македонија последниот случај на класична чума кај свињите е потврден во 2008 година и кај домашните и кај дивите свињи. Во согласност со законските одредби, како мерка за контрола на болеста, кај свињите се врши задолжителна превентивна вакцинација против класична чума кај свињите на целата територија на Р.Македонија. Вакцинацијата на свињи се врши во текот на целата календарска година со атенуирана вакцина според упатството на производителот на вакцината, при што возрасните грла се вакцинираат еднократно, а прасињата двократно.