Посебните барања за контрола на Trichinella во месото, методите на испитување на присуство на Trichinella во месото, постапувањето на Агенцијата за храна и ветеринарство и операторите со храна, доделување и отповикување на здравствениот статус, ветеринарно - санитарните услови за увоз и начинот на спроведување на службени контроли и мониторинг на трихинелозата се пропишани согласно Правилникот за посебните барања за контрола на Trichinella во месото (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 82/16).
При post-mortem преглед во кланиците, од трупови од домашни свињи се земаат примероци, и тоа:
- од сите трупови на расплодни маторици и нерези или најмалку 10% од трупови кои што се пратени за колење секоја година од секое одгледувалиште кое е официјално регистрирано како одгледувалиште каде што се применуваат контролирани услови на одгледување, за испитување на Trichinella;
- од сите трупови од одгледувалишта кои не се официјално регистирани како одгледувалишта каде се применети контролирани услови за одгледување со систематско испитување на Trichinella.
Труповите од коњи, диви свињи и други фармски и диви животински видовиподложни на инфестација со Trichinella треба систематски да се испитуваат во кланициили објекти за расекување на месото, како дел од post-mortem прегледот.
Законски и подзаконски акти
- Закон за безбедност на храна (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18)
- Правилник за посебните барања за контрола на Trichinella во месото (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 82/16)