Усогласувањето на националното законодавство за посебните барања за безбедност и за ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода го штити потрошувачот на начин што обезбедува безбедни производи на пазарот и им овозможува на операторите со храна искористување на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода и фер конкуренција на пазарот за слободно ставање во промет на производите во Република Северна Македонија. Посебните барања за безбедност на производите од овие три категории се пропишани во Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18).
Експлоатацијата и ставањето во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода се пропишани со Правилникот за начинот на издавање на одобрение, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за полнење и ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 175/18).
Легислативата од оваа област е уредена со следните Правилници:
- Правилник за посебните барања за безбедност на природна минерална вода,изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18) [врска]
- Правилникот за начинот на издавање на одобрение, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за полнење и ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 175/18) [врска]