Додатоците на исхрана се производи за кои треба пред да се стават на пазарот во Република Северна Македонија да ја поминат постапката за одобрување пред Агенцијата за храна и ветеринарство.
Овие производи се одобруваат согласно постапката опишана во Правилникот за начинот и постапката за издавање на мислење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање мислење по барање на странка за производство и увоз на додатоци на исхрана како и формата, содржината и начинот на водење на регистерот на производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана (Сл. Весник на РМ бр. 182/2015).