Со примена на одредбите од Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно-медицински препарат, како и општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно-медицинскиот препарат за ставање во промет (“Службен весник на Република Северна Македонија бр.25/13 и 34/15” [врска] ) се пропишуваат:
-формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно-медицински препарат,
-општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно- медицинскиот препарат за ставање во промет.
Со стапување на сила на овој Правилникот и централизирање на постапката за одобрување на ветеринарно медицинските препарати на ниво на Агенцијата за храна и ветеринарство целата постапка за регистрација се одвива на принципот на едношалтерски систем преку Агенцијата за храна и ветеринарство која во рамките на своите надлежности ја координира процедурата за регистрација на ВМП со сите надлежни институции вклучени во постапката.
ВМП се ставаат во промет и употреба во Р.С.Македонија само доколку се одобрени од страна на АХВ. Целокупната постапка трае 210 дена од денот на поднесување на уредно барање, несметајќи го времето потребно за достава на корегирана или дополнителна документација на барање на АХВ.
Постапка за одобрување на ВМП:
- Производителот на ВМП или негов застапник во РСМ. поднесува барање за одобрување на ВМП со соодветната пропратна документација наведена во правилникот.
- Комплетната документација се поднесува до одделението за ВМП каде истата се евалуира и се изработува извештај за оцена на ВМП и решение за одобрување на ставање во промет на ВМП во РСМ.
- Решението за одобрение за ставање во промет, со упатството за употреба на ВМП го издава АХВ. Решението има рок на важност од пет години.
Законот и правилниците за ВМП можете да ги превземете на следнава [врска].
Список на ветеринарно – медицински препарати за кои е дадено одобрение за ставање во промет, односно за кои е укинато одобрението, односно за кои е извршена промена во текот на важноста на одобрението [врска]
Листа на фармаколошки супстанции одобрени за употреба во ветеринарната медицина [врска]